-->
-->
Обид за силување во Гостивар: Почнала да го удира со чантата и силувачот побегнал
-->
Ноќеска во 00.05 часот во Полициската станица Гостивар, 48-годишна жена од Гостивар пријавила дека непознато лице се обидело да изврши полов напад врз неа во влезот од зградата во која живее.
Кога влегла во влезот од зградата, по неа влего и лицето, ја фатило за рака и и се обратило со вулгарни зборови.
Таа почнала да го удира со чантата, ја отворила вратата од зградата и го турнала надвор на улица, по што почнала да вика, а лицето побегнало во непознат правец.
По преземени мерки, а поради основано сомнение дека е сторител на делото, од слобода бил лишен Ј.К. (29) од с.Требиште, дебарско.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Преглед на вестите од светот
-
ДСЗИ откри недостатоци при третманот на 5 годишното девојче кое почина на Детска - ДУИ бара оставка од Таравари
-
Суспензија и истрага за Мустафа Хајрулахи, вработени го пријавиле за малтретирање
-
Мицкоски: Инсталациите на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството се жилави, борбата ќе биде долга
-
Скопје и денеска меѓу најзагадените градови во светот - и внатре и надвор дишеме загаден воздух
-
Пожар на Беласица