Свет
28. October 2018 - 10:46

Обид за самоубиство пред ерменската Влада

Маж се обиде да се разнесе со граната пред зградата на Владата на Ерменија во Ереван, но безбедносните служби го спречија, соопшти денеска Националната безбедносна служба.

Инцидентот се случи синоќа која 43-годишниот маж се обиде да влезе во зградата и да ја активира експлозивната направа.

Мажот е уапсен и против него е поднесена кривична пријава.

Се уште не се познати мотивите за инцидентот.