Обезбедена финансиска поддршка за центри за згрижување деца во Кавадарци и Скопје
На овогодинешниот Фестивал на младо вино Винарската визба „Тиквеш“ организираше и донаторска акција, на која беа собрани 240.000 денари.
Овие средства се наменети за поддршка на функционирањето на домот за деца без родители и родителска грижа и воспитно запуштени деца во Кавадарци, како и за Центарот „ЦЕДУЗ“ од Скопје кој обезбедува поддршка, едукација и стимулација на психомоторниот развој на деца со посебни потреби и нарушувања, како што се аутизам, проблеми со говорот, потешкотии во моторниот развој и друго.
„Тиквеш“ ги мотивираше сите посетители на фестивалот да донираат средства, со тоа што винарницата за секој донатор обезбеди подарок младо вино.
Винарската визба „Тиквеш“ е општествено одговорна компанија која преку бројни проекти и донации перманентно вложува во заедницата на која ѝ припаѓа. Компанијата во континуитет обезбедува поддршка на значајни културно - уметнички манифестации, настани од едукативен карактер, како и хуманитарни активности, се наведува во соопштението на „Тиквеш“.
Ново на Сител
-
Утрово најстудено во Маврови Анови и Попова Шапка
-
Маск доби позиција во администрацијата на Трамп
-
Скопје одбележува 80 години од ослободувањето
-
Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче
-
Без вода од Владата до фонтаната во Градски парк и Градскиот стадион
-
Четиринаесет загинати во автобуска несреќа во Пакистан
-
Палестински власти: Израел уби повеќе од 12.000 палестински ученици од октомври 2023
-
Воздушна тревога низ Украина, претседателството предупредува за ракетен напад врз Киев