Обесиле мало куче во Демир Капија и го оставиле да виси | ВОЗНЕМИРУВАЧКО
Фотографии од мало куче обесено на дрво ги згрози жителите на Демир Капија. Имено, фотографиите се споделени на социјалната мрежа фејсбук на страницата Шепасти Ентузијасти.
„Понекогаш не знаеме како да изреагираме на ваков случај!
Штотуку овие слики ги добивме во порака од Демир Капија. Ова се случило денес, обесиле мало кутре, мало бебе, мало дете кутре.
Толку невини суштества, толку чисти и полни со љубов вие сте решиле да ги убиете. Што може ова кутре да ви направи за да го заслужи ова?
ОВА Е СЕКОЈДНЕВИЕТО НА НАШАТА МИЗЕРНА ДРЖАВА!
ПА ДАЛИ СТЕ ВИЕ НОРМАЛНИ? ДАЛИ ВИЕ ИМАТЕ ЕМПАТИЈА? ДАЛИ ВИЕ ВООПШТО ИМАТЕ ЧУВСТВА?!??
Споделете сите! Мислиме дека конечно дојде време овие монструми да почнат да бидат казнувани од државата која постојано врти образ на вакви случаи, а ние, тангирани од истите сме третирани како чудаци, грижејки се за овие невини суштества!
Случајот ќе биде пријавен утре во МВР и АХВ. Доколку некој има дополнителни информации околу истиот, Ве молиме да не контактирате на contact@pawesomenthusiasts.org
Морбидните фотографии предизвикаа бурни реакции кај јавноста која бара да реагира Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски разговарал со генералниот секретар на НАТО Марк Руте
-
Повеќето од починатите, загинале во стампедото
-
Три лица со изгореници од пожарот во Кочани ќе бидат пренесени во болница во Солун
-
ЈП „Градски паркинг“ денеска нема да наплатува паркинг на Клинички центар и другите болници
-
Почина тапанарот од групата ДНК , Горги Горгиев
-
Муцунски: Нема зборови за утеха за оваа трагедија, повеќе држави понудија помош
-
Полицаец на должност загина во пожарот во дискотеката во Кочани
-
Уставен суд: Не постојат соодветни зборови кои ќе ја намалат тагата, во овие тешки и траорни моменти