Обединети за Македонија:ВМРО да влезе во преамбулата на Уставот
ВМРО како масовно, национално ослободително движење е првата организирана формација која ја издигнала идејата за независна Македонија за сите народности во неа. Затоа ВМРО е организација која припаѓа подеднакво на сите граѓани на Македонија и треба сите да нѐ обединува.
Обединети за Македонија како десничарска партија бара ВМРО да влезе во преамбулата на Уставот, но и дека мора да се забрани името ВМРО во имињата на партиите.
Во нашето партиско име го нема предзнакот ВМРО, но го има во преамбулата во нашиот Статут, за да се оддаде почит кон организацијата која ги обединувала сите етноси во Македонија. Ниту ние, но и ниту една друга партија нема право да го злоупотребува тоа свето име за македонскиот народ. За тоа сведочат и повеќе изјави од минатото:
Според Христо Татарчев, цитираме: „Прифатен еднаш автономниот принцип, ни налагаше да бидеме последователни и во понатамошните решенија и да се избегнува сето она кое би го возбудило тесноградниот национализам кај инородните народи.“
Според Димитар Влахов, цитираме: „Член на организацијата може да биде секој Македонец, од која народност и да е тој и какви и да биле неговите политички сфаќања, само да прима нејзините принципи и се бори за политичката автономија на Македонија“.
Овој мал дел од многу други изјави од членови на историското ВМРО, јасно ни покажуваат дека историското ВМРО е државотворна организација и ниту една партија нема право да го злоупотребува тоа име. ВМРО е на секој граѓанин на Македонија и кон него треба сите да имаме почит, а не да создава раздор и омраза.
Ново на Сител
-
Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари
-
Поднесено обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија и неговиот човек од доверба за примање поткуп
-
Погребот на Жота и Силва во сабота во Гондомар
-
Повредени 47 лица во судир на два градски автобуси во јужно предградие на Атина
-
Претрес во дом на полициски службеник од СВР Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани
-
Советот на јавни обвинители најави забелешка на три алтернативни членови на Предлог законот за Совет на ЈО со кои се врши депрофесионализација
-
АХВ воведе мерки за заштита од чума кај малите преживари и за Косово
-
Приведен крадец во Скопје, пронајдено и возилото што го украл