Обама: Сите ние сме Французи
Сите ние сме Французи, изјави денеска на француски јазик американскиот претседател Барак Обама по средба со францускиот колега Франсоа Оланд во Белата куќа.
Оваа изјава Обама ја даде 11 дена по терористичките напади во Франција, во кои загинаа 130 лица, а 350 се повредени.
Обама нагласи дека САД и Франција се единствени и согласни во борбата против тероризмот.
- Ние Американците стоиме до Французите и во добри и во лоши моменти, истакна американскиот претседател.
Тој предупреди дека Исламска држава (ИД) и нејзината идеологија претставуваат сериозна закана за сите, додавајќи дека Американците нема да дозволат да бидат тероризирани.
- Исламската држава е варварска терористичка група и треба да биде уништена, нагласи Обама.
Американскиот лидер потсети дека „САД, Франција и други земји и претходно се соочувале со такви закани, како фашизмот, комунизмот и Студената војна, но секогаш успевале да ги надминат, обединувајќи ги своите напори“.
Францускиот претседател, пак, од своја страна изјави дека неговата земја нема да учествува во копнена операција против ИД.
Оланд изјави дека САД и Франција планираат да ги зајакнат своите воздушни напади против џихадистичката група во Сирија и Ирак.
Тој додаде дека Франција е подготвена да соработува со Русија, доколку Москва ги фокусира своите напори во борба против ИД.
Ново на Сител
-
Уапсен е раководител во општината Маврово и Ростуше, договорил поткуп од 13.000 евра
-
Регистриран земјотрес во Струмичко
-
Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш од Воената болница
-
Определен 30 дневен притвор за полициските службеници, осомничени во врска со пожарот во Кочани
-
МВР: Забрана за вршење операции со дронови на територија на осум општини
-
Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата
-
Објавен безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани
-
Црвениот крст на Србија собира парична помош за семејствата на загинатите и повредените во Кочани