Обама: Изолацијата на Пјонгјанг ќе го намали влијанието на САД во корејските преговори
Заложбите на Администрацијата во Вашингтон за изолација на Северан Кореја, само ќе продонесат за налување на влијанието на САД во преговорите за надминување на тензиите на Корејскиот Полуостров, оцени денеска поранешниот американски претседател Барак Обама.
- Изолацијата на Пјонгјанг ќе ги отежне преговорите за севернокорејската нуклеарна програма, нагласи Обама на предавање во Токио.
Според Обама, Северна Кореја и онака е изолирана земја и заложбите за нејзина дополнителна изолација само ќе го стесни просторот за притисок врз Пјонгјанг.
Обама беше поздравен со бурни аплаузи од присутните на предвањето кога истакна дека партнерствоот меѓу САД и Јапонија останува стабилно и дека Вашингтон е целосно посветен за заштита на својот јапонски сојузник.
- Северна Кореја е реална закана, потенцита Обама, додавајќи дека САД од секогаш настојувале проблемите да ги решаваат по мирен пат, со цел да се избегне загуба на човечки животи.
Предавањето на Обама во Токио беше одржано во рамки на неговата турнеја низ Азија, која е финасирана од јапонска невладина организација.
Ново на Сител
-
Азески е оптимист дека владата и банките ќе се договорат
-
Дали има етички пропуст на лекари за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце?
-
Преглед на вестите од светот
-
80 години слободно Скопје
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку
-
Азески: Банките да пуштат пари