-->
-->
ОАС не го признава Мадуро за легитимен претседател на Венецуела
-->

- Ние не го признаваме Николас Мадуро за легитимен претседател на Венецуела. Венецуела има потреба од преодна влада која ќе создаде легитимен изборен систем кој, од своја страна, ќе овозможи решенија за земјата, истакна Алмагро во изјава објавена на веб-страницата на ОАС.
Според податоци на Националниот изборен совет на Венецуела, Мадуро освоил околу 6,2 милиони гласови на изборите во неделата, а неговиот главен ривал Енри Фалкон освоил 1,9 милиони гласови.
Членовите на Групата од Лима вчера објавија дека одлучиле да ги повикаат своите амбасадори во Венецуела на консултации и нагласија дека не го признаваат исходот од изборите, бидејќи ги сметаат за незаконски.
САД, исто така, објавија дека не ги признаваат изборните резултати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар во парк-шумата Гази Баба | ВИДЕО
-
Кремљ по одлуката на Трамп да испрати оружје за Украина: САД и Европа ја избраа војната
-
Крадец од струмичко пукал кон полицијата, па бил ранет при приведувањето
-
Јулски снег во Словенија
-
Триесет и девет еколошки организации бараат од УНЕСКО да го стави Охридскиот регион на Листата светски наследства во опасност
-
Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион
-
Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница
-
До 12:30 часот девет активни пожари, еден локализиран