-->
-->
ОАС не го признава Мадуро за легитимен претседател на Венецуела
-->
- Организацијата на американските држави (ОАС) не ги признава резултатите од претседателските избори во Венецуела, изјави генералниот секретар на ОАС Луис Алмагро.
- Ние не го признаваме Николас Мадуро за легитимен претседател на Венецуела. Венецуела има потреба од преодна влада која ќе создаде легитимен изборен систем кој, од своја страна, ќе овозможи решенија за земјата, истакна Алмагро во изјава објавена на веб-страницата на ОАС.
Според податоци на Националниот изборен совет на Венецуела, Мадуро освоил околу 6,2 милиони гласови на изборите во неделата, а неговиот главен ривал Енри Фалкон освоил 1,9 милиони гласови.
Членовите на Групата од Лима вчера објавија дека одлучиле да ги повикаат своите амбасадори во Венецуела на консултации и нагласија дека не го признаваат исходот од изборите, бидејќи ги сметаат за незаконски.
САД, исто така, објавија дека не ги признаваат изборните резултати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори
-
ЕУ одблизу го следи изборниот процес, очекува идната Влада да биде посветена на европскиот пат
-
Растат трошоците за живот
-
Ангелоски: Замислете какво е чувството да платите, а веќе утредента да не важат повисоките цени
-
Усвоен планот за раст на Западен Балкан тежок 6 милијарди евра
-
Преглед на вестите од светот