Македонија
19. September 2022 - 8:13

Нуредини, Бочварски и Реџепи на увид во реконструкцијата на водоводната мрежа во Камењане

– Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи денеска ќе остварат работна посета на општина Боговиње.

Нуредини, Бочварски и Реџепи заедно со градоначалникот Бесник Емшиу ќе извршат увид во реконструкцијата на водоводната мрежа во населеното место Камењане.