Нуланд разговараше и за името на Македонија со грчкиот државен врв
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас денеска во Атина се сретна со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд.
Една од темите за кои разговараше Нуланд во Атина со Коѕиас, но и претходно со премиерот Алексис Ципрас е проблемот што Грција го има со уставното име на Република Македонија.
- Со премиерот и со министерот за надворешни работи разговаравме за нашата заедничка надеж да се најде прифатливо решение, за да можеме да одиме напред, изјави Нуланд вечерва во Атина.
На состаноците во Атина на маса биле повеќе теми, меѓу кои и мигрантската криза, кипарското прашање, имплементирањето на реформите кои произлегуваат од договорот за кредит меѓу Грција и меѓународните кредитори, како и за енергетски прашања.јт/18:55
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта