Нуклеарните преговори меѓу САД и Иран влегуваат во критична фаза
Преговорите меѓу Вашингтон и Техеран за контроверзната иранска нуклеарна програма денеска треба да влезат во одлучувачка фаза со состанок во италијанскиот главен град.
Во Рим на петтата рунда разговори се очекуваат американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.
Заливската држава Оман посредува меѓу двете земји.
САД бараат иранската влада целосно да го запре збогатувањето ураниум, што Вашингтон го смета за неопходна мерка за трајно спречување на развојот на нуклеарно оружје.
Техеран го отфрла ова барање, но покажа подготвеност повторно да ја ограничи нуклеарната програма и да дозволи построги контроли.
Двете страни првично изразија оптимизам на почетокот на разговорите. Меѓутоа, по неодамнешниот состанок во оманската престолнина, Мускат, се појавија значителни разлики околу централното прашање за збогатувањето ураниум.
Експертите велат дека преговорите сега се во критична фаза, пренесе ДПА.
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер