-->
-->
„Новости“: Почна војната за 10 милиони документи од Хашкиот трибунал
-->

Весникот посочува дека се работи за документи кои содржат државни тајни, сослушувања, сведочења на јавни и заштитени сведоци, извештаи за болести и смрт, пресуди, одлуки и други документи. Според некои проценки во Хаг има околу 10 милиони страници докменти за војната во поранешна Југославија, како и околу 1.300 артефакти односно куршуми, оружје, облека и други предмети. И Србија и Хрватска и БиХ оценуваат дека тоа ним им припаѓа.
„Новости“ наведува дека Србија очекува да и се врату целата документација доставена на Трибуналот, и истата да биде сместена во Народната библиотека или Собранието на Србија.
БиХ претходно побара да и се вратат над 400.000 документи од судските процеси, меѓу кои и речиси 100.000 доказни предмети.
Во Хрватска е предвидено да се формира информациски центар каде ќе бидат сместени документите од Трибуналот.
Хашкиот трибунал престанува со работа на 31 декември, а официјалната церемонија на затворање е предвидена за на 19 декември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата
-
Пронајдена дрога на работното место кај полицаец од Охрид
-
Сиљановска-Давкова: Секое дете може да дојде до израз ако му се даде шанса
-
Почна нов циклус на обуки на АХВ за едукација на потрошувачите
-
Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада
-
СДСМ: Mицкоски да не се кити со туѓи перја
-
Дебарските пожарникари за три месеци евидентирале 31 интервенција