Новоизбраниот бугарски Парламент денеска ќе ја оддржи конститутивната седница
Денеска ќе се оддржи првата седница на новоизбраниот бугарски Парламент по предвремените парламентарни избори, што се спроведоа на 11 јули, јави дописникот на МИА од Софија.
Иако беа дадени 25 милиони лева (12,5 милиони евра) за реставрација на салата Света Софија во поранешниот Партиски дом во Софија, новите пратеници повторно ќе влезат во историската зграда на бугарскиот Парламент, на плоштадот на Националното собрание.
Пратениците ќе добијат папка подготвена од парламентарната администрација, која ќе ги содржи Уставот на Република Бугарија и деловникот за работа на Националното собрание.
Партијата „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов се очекува повторно да ја предложи Ива Митева за претседател на 46. Народно собрание. Лидерот на втората најголема партија, ГЕРБ, Бојко Борисов, соопшти дека нема да номинираат претседател, туку само заменик претседател. Третата политичка сила во парламентот – Бугарската социјалистичка партија го номинира поранешниот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин за претседател. Меѓутоа, како што јавуваат локалните медиуми, можно е четвртата партија во бугарскиот парламент – „Демократска Бугарија“ да се бори за претседателската функција во замена за поддршка за идната влада на партијата на Слави Трифонов.
Според бугарскиот Устав, за формирање на нова влада мора да се обезбедат 120 пратеници. Засега, „Има таков народ“, со 65 пратеници, може да ја обезбеди поддршката на „Демократска Бугарија“ и „Стани. Мафијата надвор “ со 34 и 13 пратеници, што нема да биде доволно за формирање самостојна влада. Не е исклучено тие да побараат поддршка од една од традиционалните партии (ГЕРБ, БСП и Движењето за права и слободи – ДПС) со цел да го имаат потребниот број пратеници за мнозинство.
Доколку пратениците не можат да изберат нов претседател на Народното Собрание, поранешниот премиерот Бојко Борисов смета дека тоа ќе биде чекор кон нови трети парламентарни избори годинава.
Според законот, привремената влада на Бугарија мора да поднесе оставка на првиот ден од новоизбраниот парламент и да работи до изборот на редовна влада.
Ново на Сител
-
Томче Голабоски го фати светиот крст во водите на Црн Дрим во Струга
-
Наредните денови облачно, од вторник локални врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места
-
Дрога, пари, пиштол, еве што пронајде полицијата кај Раде Штекли | ФОТО
-
Почина 17-годишниот кој се здоби со изгореници од струен удар
-
Во Радика по светиот крст скокнаа околу 300 верници, најсреќен Климент Танески од Ростуше
-
Теодор Јовески го извади осветениот крст од водите на Вардар во Скопје
-
Бојан Јовевски го извлече крстот од осветените води на Крива Река
-
Мицкоски: Да покажеме нескршлива волја во реформите и чекорите кои ќе обезбедат сигурност, стабилност и просперитет за граѓаните