Новогодишни пакетчиња и театарска претстава за деца во социјален ризик
Министерството за труд и социјална политика заедно со повеќе општествено одговорни компании обезбедија новогодишни пакетчиња за децата згрижени во институциите и дневни центри под надлежност на ова Министерство. Денеска беа врачени пакетчиња на деца од неколку институции во Скопје, а децата ја проследија и претставата „Зимска бајка“ во Театарот за деца и младинци, каде ги поздрави и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
- Животот на овие дечиња кои ќе ја гледаат претставата е далеку од бајка. Но ние се трудиме со секој чекор да го подобриме нивното живеење и тие да следат и претстави и да добиваат посоодветни услуги од страна на институциите во кои живеат и конечно да добијат потопла и посемејна атмосфера во функционирањето и заштитата на овие деца, изјави министерката.
Потенцирајќи дека сите предновогодишни активности што ги спроведуваат се во соработка со општествено одговорни компании, а годинава пример се Зегин и Дајнерс, рече дека компаниите се заинтересирани да вложат во најранливите групи граѓани.
Ново на Сител
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“
-
Во пораст бројот на деца со деформитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара