Новогодишна наградна игра: Веро доделува половина милион денари за најсреќниот потрошувач
Како загревање за претстојниот празничен период, Веро традиционално ја организира новогодишната наградна игра за своите потрошувачи, која ќе кулминира со извлекување на многу вредна, главна награда – ваучер за шопинг од 500.000 денари.
Наградната игра ќе трае до 29 декември. Покрај вредната главна награда, секоја сабота ќе се извлекуваат добитници на вкупно 24 вредносни ваучери од по 3.000, 5.000, 10.000, 15.000 и 30.000 денари. Сите извлекувања, вклучувајќи го и тоа за главната награда, ќе бидат јавни и ќе се одржуваат во Веро центар.
Право на учество во наградната игра имаат сите потрошувачи на Веро, кои за секоја сметка над 350 денари од специјално означените производи добиваат купон. Пополнетите купони со лични податоци се оставаат во означените кутии кои ги има во секој Веро маркет, со што потрошувачот станува потенцијален добитник на вредносен ваучер.
Сите неизвлечени купони учествуваат во главното извлекување кое е закажано за 30 декември, кога ќе се извлече името на најсреќниот потрошувач на Веро кој ќе си замине дома со главната награда – вредносен ваучер од половина милион денари.
Имињата на среќните добитници тековно ќе се објавуваат на профилите на социјалните мрежи на Веро маркети, а информации за добитниците може да се добијат и во самите маркети. Веро им посакува многу среќа на сите учесници во наградната игра.
Ново на Сител
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час