Македонија
30. December 2018 - 9:56

Новогодишна изложба на ликовната работилница на Пионерскиот дом во Гевгелија

Над стотина цртежи кои сведочат за имагинацијата и фантазијата на младите сликари, синоќа беа претставени на Новогодишната изложба на ликовната работилница во Пионерскиот дом во Гевгелија чиј ментор е ликовниот уметник Мирјана Крстева Массети.

-Се надевам дека ви ги претставувам идните гевгелиски ликовни творци. Целосно сум задоволна од сето она што изминатиот семестар го изработија вредните раце на младите кои ја посетуваа работилницата, а посебно од мотивираните од Нова година која секогаш претставува инспирација за создавање на ликовни дела, рече Массети.

Изложените стотина дела на младите ликовни творци од Гевгелија се изработени во техниките акварел, гваш, темпера и колаж, појасни Массети при отвораењето на Новогодишната изложба.