Новогодишна честитка од кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски
Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски во денешната новогодишна честитка до граѓаните повика на сплотеност и соработка за остварување на поставените цели и проекти.
Димитриевски порачува да се реализираат нови идеи, поуспешни од претходните.
- Зад нас ја оставаме 2024 година, ја испраќаме со носталгија, со надеж и верба кон подобра и просперитетна 2025 година. Со меѓусебна почит и соработка, сплотени заедно да ги совладуваме предизвиците и поставените цели, да градиме стабилна и сигурна иднина, да бидеме инспирација за нашата младина. Наша обврска е да менуваме, да реализираме нови идеи и проекти, да бидеме поуспешни од порано, да чекориме со победнички дух и ентузијазам. Ви посакувам добро здравје, радост и благосостојба во вашите домови, годината што иде нека биде успешна и плодна за сите граѓани. Среќни и бериќетни празници!, честиташе градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
Ново на Сител
-
Светот во исчекување на инаугурацијата на Трамп
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче - Во судница се презентираат снимки
-
Обвинителството води предистрага за Груби и Беџети
-
Левица бара ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Земјоделците бараат долгорочна стратегија за поголемо производство и стабилни цени