Ново задолжување на државата
Државата утре ќе се задолжи за речиси 36 милиони евра преку државни хартии од вредност. Народната банка на утрешната аукција на домашниот пазар ќе понуди едногодишни државни записи во вредност од 24,4 милиони евра, како и двегодишни државни обврзници во вредност од 8,1 милион евра и 15-годишни државни обврзници во вредност од 3,2 милиони евра. Или, вкупно државата на домашниот пазар ќе се задолжи за 35,7 милиони евра.
Од Министерството за финансии информираат дека поголем дел од парите, односно 26 милиони евра, се за да се исплатат доспеани обврски, додека остатокот од 9,7 милиони евра се пари за покривање на буџетскиот дефицит.
„Издавањето на државните хартии од вредност се прави - 1.за отплата на стари обврски кои достасуваат по однос на претходно издадени државни хартии од вредност и 2. за финансирање на буџетскиот дефицит за буџет усвоен од страна на Собранието, односно негативната разлика меѓу приходите и расходите. Согласно тоа, најпластично речено - нето-повлекувањето со следната аукција ќе биде искористено во насока на покривање буџетски потреби, односно и тековни потреби, но и во насока на пример на финансирање антикризни мерки”, пишува во одговорот од Министерството за финансии, од каде информираат и дека нето задолжувањето годинава по основ на издадени државни хартии од вредност е двојно пониско од владините проекции и утврдениот лимит.
Најголемата опозициска партија не го одобрува дополнителното задолжување за скоро 10 милиони евра, особено затоа што тие пари би се користеле непродуктивно, односно за покривање на тековни расходи.
„Се разбира дека ние тоа не го одобруваме затоа што станува збор за средства кои што се зимаат претпоставувам за пополнување на дупка во некои тековни расходи, најчесто плати, пензии, или некои други дотации, а само ден претходно видовме како Владата дарежливо на општините подели неколку десетици милиони евра”, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мирјана Јовеска
Ново на Сител
-
Три пожари во Крива Паланка, градоначалникот бара итна интервенција | ВИДЕО
-
Тешко повреден велоспедист во сообраќајка на патот Радовиш-Штип
-
Запалено столче во спортска обложувалница во Скопје
-
Градежен работник починал од струен удар
-
ЕП: Албанија е единствена земја на Западен Балкан каде сите политички актери се проевропски
-
ЕЦХР изрече две пресуди против Русија поради кршење на меѓународното право во Украина
-
Мизрахи: Од сега, до шест обиди за ин-витро оплодување ќе бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување
-
Зеленски повика на „болни“ санкции за Русија по масовниот напад со дронови