Ново судско рочиште за „Дива населба“
Во Основниот суд Скопје 1 денеска треба да продолжи судскиот процес против 29 лица обвинети за настаните во кумановската „Дива населба“ во мај минатата година.
Обвинителството повика околу 40 заштитени сведоци. Досега сведочеа само неколкумина од нив, а претходно сведоци беа и неколку жители на „Дива населба“.
Обвинетите се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација” и „тероризам”.
На 7 декември минатата година сите 29 обвинети лица за тероризам пред Советот од судии на Основниот суд Скопје 1 се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делото „тероризам“.
На 9 и 10 мај 2015 година во кумановската „Дива населба“ вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.
Поради судскиот процес утрово околу Судот и на околните сообраќајници има засилено полициско обезбедување, а околината ја надлетува и полициски хеликоптер.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници