Новите модели за финансирање на високото образование тема на средбата меѓу Адеми и Салми
Министерот за образование и наука Арбер Адеми на денешната средба со Џамил Салми, експерт во областа на образованието, а воедно и консултант на МОН за веќе презементите рефомите во високото образование, разговарал за новиот модел за финансирање на високото образование предложен од експертот.
Како што соопшти МОН, Адеми и Салми ги разгледале трите столба, кои се предлагаат како нов модел на финансирање на високото образование во Македонија, а се однесуваат на обезбедување основно финансирање преку годишното буџетско финансирање од страна на државата, успешноста на Високо Образовните Установи (ВОУ) базирана на излезни индикатори (output – based formula) или преку договори за успешност (performance contract), како и стрегијата за иновативното однесување и академската извонредност преку компетитивни грантови, наменски фондови или договори за успешност.
Првиот столб, како што било посочено на состанокот, ги покрива оперативните трошоци за наставата и трошоците за истражување а е базирана на влезни индикатори, излезни индикатори или комбинација на двата.
Вториот столб се фокусира на успешноста, односно на реализацијата на излезните индикатори, така што со вклучување на овој инструмент во моделот за финансирање се охрабруваат/мотивираат ВОУ да ги подобрат нивните резултати преку дополнително финансирање.
Со третиот столб финансирањето е насочено кон стратешките активности на ВОУ, (иновативни иницијативи во наставата и процесот на учење, нови студиски програми/педагошки иновации) иницијативи во областа на истражување (центри на извонредност, нови истражувачки проекти) или диверсификација на фондови, соопшти МОН.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена