Новиот вид на коронавирус потврден во уште две земји
Израелски, како и северноирски официјални лица соопштија дека кај нив биле откриени четири случаи на инфекција со новиот вид на коронавирус, откриен неодамна во Велика Британија.
Израелското Министерство за здравство истакна дека од четири, тројца пациенти пристигнале неодамна од Велика Британија, а потеклото на четвртиот сè уште не е утврдено.
„Во последните два дена се обидувавме да провериме дали мутацијата од Велика Британија се инфилтрира и во Израел. До пред неколку минути бевме оптимисти, а сега расположението опадна поради информациите што доаѓаат од нашата лабораторија”, изјави министерката за здравство Џули Еделштајн.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека откривањето на новите случаи само ја потврдува одлуката на властите дека треба да се прекине воздушниот сообраќај од и кон Велика Британија.
Експертите ги повторија изјавите на колегите од други земји, велејќи дека вирусот, иако позаразен, не е посмртоносен од оригиналната варијанта и дека нема причина да се верува оти регистрираните вакцини нема да бидат ефикасни против него, пишуваат локалните медиуми.
Северна Ирска исто така потврди дека земјата регистрирала позитивен тест за новата варијанта на вирусот.
Министерството за здравство на Северна Ирска објави дека оваа варијанта на вирусот била во тој регион веќе некое време.
„Нема докази што сугерираат дека новата варијанта на вирусот предизвикува посериозно заболување или поголема стапка на смртност“, се вели во соопштението.
Новата варијанта на коронавирусот брзо се шири во Велика Британија и предизвикува голема загриженост во Европа, каде што неколку земји ги блокираа сообраќајните врски со островската земја.
Во соопштението се додава дека мутацијата на вирусот не е невообичаена, но брзината со која се шири новата варијанта предизвикува сериозна загриженост.
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија