Новиот премиер на Велика Британија - за приврзаниците популарен, за критичарите - неискрен
Борис Џонсон е контроверзна фигура во британската политика и новинарство. За приврзаниците тој е духовит, популарен и привлечен, додека за оние кои го критикуваат велат дека е елитист, неискрен, мрзлив и употребува расистички и хомофобичен јазик.
Дипломирал класични науки на Универзитетот во Оксфорд, во Лондон се вработил како советник за менаџмент, но дал отказ по само една недела.
Ја почнал кариерата како новинар, а не како политичар, но набрзо западнал во неволја. Почнал во лондонски Тајмс каде предизвикал скандал кога напишал статија за археолошко откритие – измислил изјава за која лажно тврдел дека ја добил од историчарот Колин Лукас, негов кум. Поради тој скандал е отпуштен од Тајмс.
Се вратил како антиевропски ориентиран, забавен и остар новинар. Работел и како допиник на Дејли стар од Брисел и неговите статии силно влијаеле на пораст на евроскептичните ставови на британската десница.
Борис Џонсон бил градоначалник на Лондон од 2008 до 2016 година и во следните две години министер за надворешни работи на Велика Британија.
Американскиот претседател Доналд Трамп го поддржуваше во трката за наследник на Тереза Меј. Имено, поради поддршката од Трамп и сличноста во фризурите, Џонсон го нарекуваат „англиски Трамп“.
Џонсон е познат по поддршката за брегзит, но кога граѓаните на референдумнот избраа напуштање на ЕУ, тој застана на страна на преговои со Брисел, отфрлајќи идеја за плаќање на сметката за напуштањето од 39 милијарди фунти.
Новиот лидер на конзервативците е поборник за развој на зелен стопански сектор и промовира заштита на животната средина, возење велосипед…
Минатата година сопругата Марина Вилер, адвокат и писател по 25 годин брак го исфрли од дома поради прељуба. Познати се негови пет вонбрачни афери.
Роден е на 19 јуни 1964 година во Њујорк.
Татко му е од турско потекло – прадедо му бил Осман кемал кој се прекрстил како Вилфред Џонсон додека неговата баба е потомок на вонбрачна врска на кралот Џорџ Втори.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?