-->
-->
Нови детали за тепачката во кафеаната на Кеј
-->
Во врска со настан „физички напад“ опишан во билтен од 18/19.02.2017 година, на 19.02.2017 година во 15.35 часот во ПС Центар дошол М.З. (41) од Скопје и пријавил дека на 18 овој месец околу 23.45 часот во Скопје на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ во угостителски објект, од страна на лицето Н.М. и уште десетина лица било извршено насилство над него и неговите пријатели Т.А., Р.Ч., В.К. и Џ.И..
Според пријавителот, истите имале резервирана маса во објектот. Во еден момент им пришло лицето Н.М., кое седело на друга маса со десетина непознати лица и, според М.З., побарало да го напуштат објектот затоа што во моментот имало приватна забава. Откако не излегле веднаш, Н.М. ја превртел масата, а останатите од неговото друштво почнале насилно, со употреба на физичка сила, ги истуркале пред објектот.
Како што пријавил М.З., едно од лицата со службена легитимација се легитимирало дека е полициски службеник и побарал и тој да се идентификува.
Во моментот кога го вадел паричникот, одзади од непознато лице бил удрен во пределот на тилот и главата со неколку удари со рака.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија
-
СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
-
Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп
-
Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана