Нови авиолинии од Скопје до Баден-Баден и Бремен
Со првиот лет на авиокомпанијата „Виз ер“ од меѓународниот аеродром „Скопје“ до германски Баден-Баден денеска официјално беше одбележано воведувањето на две нови дестинации од скопскиот аеродром.
До Баден-Баден ќе се патува два пати неделно, секој вторник и сабота, а покрај оваа дестинација од скопскиот аеродром двапати неделно, во среда и недела, ќе има лет и до Бремен. Првиот лет од Бремен е планиран за утре кога во 11:50 часот се очекува да слета авион на скопскиот аеродром.
Со воведувањето на двете нови дестинации, скопскиот аеродром сега е директно поврзан со 39 дестинации на кои оперираат 13 авиокомпании.
– Со додавањето на Баден-Баден и Бремен, бројот на дестинации до Германија станува 10, додека вкупниот број на дестинации од скопскиот аеродром е 39. Со отворањето на новите рути, „Виз ер“ исто така ќе го базира својот петти авион во базата на скопскиот аеродром покажувајќи ја нивната посветеност на постојани инвестиции во нивната база во Скопје, истакна Неџат Курт, координатор на аеродромите во ТАВ Македонија на свеченоста по повод воведувањето на новите дестинации.
Во текот на јануари и февруари вкупно 305.246 патници патувале преку двата аеродроми во државата што претставува пораст од седум проценти. Минатата година на двата аеродроми биле опслужени 2,3 милиони патници што претставува годишен пораст од 16 проценти.
Ново на Сител
-
Манастирот во Вељуса преполн со верница за празникот Мала Богородица
-
Преглед на вестите од светот
-
Чудотворната икона „Пресвета Богородица Троерачица“ донесена во Скопје
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Чудотворната икона Пресвета Богородица Троерачица донесена во Скопје
-
Модуларни болници прокиснуваат, скапи апарати со години неотпакувани!
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинетите не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче, за Палчо случајот е политичка наредба