-->
-->
Нови 29 казнени налози од ОЈО Скопје
-->
Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 29 лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Скопје.
-Сите обвинети, во одделни кривично-правни настани, го прекршиле полицискиот час на територијата на Скопје и не се придржувале до донесената Одлука за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија, информираат од обвинителство.
За секого од обвинетите, Обвинителството предложи парична казна во износ од по 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф