Новата законска регулатива го испразни зелениот пазар во Гевгелија
Првиот пазарен ден во Новата година, денеска во Гевгелија половично го испразни зелениот пазар, како што велат присутните продавачи, веројатно поради примената на новата законска регулатива која од 1 јануари дозволува продажба само на прехранбени производи на зелените пазари.
Токму прехранбените производи доминираа денеска на зелениот пазар во Гевгелија, додека тезгите на кои до сега се нудеа текстилни производи, обувки, облека, железарии и разни други непрехранбени производи останаа празни поради страв на продавачите од инспекциска контрола и високите парични казни кои се движат од 150 до 2.000 евра.
Продавачите на прехранбени производи кои денеска нудеа претежно зеленчук и овошје, се уште не поседуваат лиценци за продавање но велат дека аплицирале за нив и дека поседуваат времени потврди за користење тезги и продажба на своите производи.
Законската регулатива беше донесена пред шест месеци, а стапи на сила пред два дена, поточно на 1 јануари.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп