Новата транша помош за Грција одложена за еден месец
Министрите за финансии на еврозоната го одложија за еден месец исплаќањето на новата транша финансиска помош за Грција поради недоволни реформи.
Еврокомесарот за економија и финансии, Пјер Московиси, по вчерашниот состанок на Еврогрупата синоќа рече дека е уверен дека до следниот состанок во април ќе можат да бидат ослободени парите. Откако Грција излезе од третата програма за спасување во јуни 2018, министрите за финансии одобрија ослободување на дополнителна помош за Атина, но под одредени реформски услови.
Оваа транша изнесува една милијарда евра.
Грчките власти имаат задача да спроведат уште три претходни мерки за да добијат зелено светло од Европската Унија.
Министрите за финансии сепак констатираа позитивен напредок во земјата и веруваат дека до следниот месец Атина ќе ги имплементира бараните реформи, со што ќе се одобри ослободувањето на новата транша.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти