-->
-->
Новак совладан од емоции: Ѓоковиќ низ солзи зборуваше за девојчето кое го запознал во Белград - поради неа плачеше без престан
-->

Новак Ѓоковиќ се расплакал за време на гостувањето кај Луис Хоус зборувајќи за една емотивна ситуација која го погдила.
Новак почнал да зборува за мигрантите кои ги сретнал во Белград и не можеше да ги задржи солзите.
- Отидов таму каде што беа децата, ги набљудував, еден од волонтерите ми рече да им се придружам. Не знаев како да реагирам, сакав да бидам со нив, но не да им го пореметам тој простор. Дојде мајката на едно девојче со кое играв, имаше околу две три години и, и рече „Време е да одиме“. Си помислив „Каде, што ли ќе се случи“, раскажува Новак.
- Се извинувам, дури и денес ме погаѓа многу. Не знам ни сега каде отидоа. Ја видов мајката како ја води неа и синот од шест-седум години. Одат без ништо, некаде. Тоа се работи кои ви го кршат срцето, тоа е она што го прави војната. Тешко ми беше, но во исто време бев благодарен, бидејќи и јас самиот имам минато низ такво искуство, низ војната во 90-тите, сето тоа ме направи почуствителен со луѓето. Колку и да ме боли, се враќам на тоа случување и сфаќам дека тоа што го имам во животот брзо можам да го изгубам ако не уживам во тоа. Се тоа ме остава цврсто на земјата, рекол Новак.
Погледнете во продолжение...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола
-
Велешката болница доби два нови апарата, за ортопедски и за уролошки интервенции
-
Приведено лице - соизвршител на кривично дело „убиство во обид“
-
Приведен кавадарчанец, со возило се движел по улицата каде се одржувал „Кавадаречки полумаратон“
-
Општина Аеродром казни угостителски објект со 6.000 евра за бучава поголема од дозволеното
-
Од утре попладне дожд, во сабота 28 степени
-
Тешка сообраќајка на влезот во Битола, две жртви и едно тешко повредено лице
-
Приведени дрвокрадци во неготинско, следува пријава