Нова странска инвестиција
Мулти националната водечка компанија за аутсорсинг услуги ЕМАПТА ќе отворо деловен простор во скопската технолошка развојна зона. Планира да вработи 850 млади луѓе во наредните пет години или повеќе од 10 000 во период од десет години. До крајот на инвестицискиот период само за плати компанијата најавува дека ќе вложи над 15 милиони евра годишно. Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски кој заедно со премиерот ја претставија компанијата како прва инвестиција за годинава, вели дека таа веќе една година работи во Македонија. Досега вработени се 30 млади луѓе. Но, сега стартува со конкретна инвестиција.
За да добие државна поддршка компанијата мора да има минимум 100 вработени кои ќе земаат најмалку 1 000 евра плата. Поддршката ќе изнесува 3 250 евра по вработен.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис