Нова средба на партиските претставници со Ванхауте
Нова средба на работната група на претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино со посредникот Питер Ванхауте треба да се одржи денеска попладне во Клубот на пратениците.
На средбата ќе се разговара за медиумите и за методологиите за прочистување на избирачкиот список.
Посредникот Ванхауте по завршувањето на разговорите вчера изјави дека на маса биле предлози на ВМРО-ДПМНЕ и оти заради партиски консултации за нив, нова средба ќе се одржи денеска во 17:30 часот.
Пред почетокот на средбата вчера белгискиот посредник изјави дека има нови предлози за медиумите и за прочистување на Избирачкиот список од ВМРО-ДПМНЕ како одговор на претходни предлози на СДСМ.
На средбата присуствуваа претставнции на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, како и меѓународни претставници.
Ново на Сител
-
Започна одбележувањето на 11 Октомври
-
Малолетници се обиделе да силуваат соученик со стаклено шише во Скопје
-
Тема на денот со Ивон Величковски, лидер на партијата Движење за нова република
-
Стравичен случај во Ѓорче
-
Љубов кон татковината
-
Двојни аршини за Балансерот
-
По заминувањето на Тачи, Села тврди дека фронтот на ДУИ е стабилен
-
Ќе ги спречи ли државата големите маркети да го изиграат Законот за нефер трговски практики