Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина за забраната за користење на динарот на Косово
Нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на ниво на главни преговарачи ќе се одржи денеска во Брисел, а главна тема ќе биде изнаоѓање решение во врска со одлуката за користење на динарот на Косово.
Белградската делегација повторно ќе ја предводи директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, а од Приштина се очекува учество и на нејзиниот главен преговарач Бесник Бислими.
Тоа е седма рунда од дијалогот каде што ќе се разговара за забраната за користење на динарот на Косово.
Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, најави дека ќе биде домаќин на главните преговарачи на Белград и Приштина на разговори со цел да се најде „одржливо привремено решение“ за оние кои се погодени од регулативата на Централната банка на Косово за готовински трансакции.
Претходниот состанок, на кој се разговараше за одлуката на Приштина да ги укине трансакциите за плаќање динари на Косово се одржа на крајот на април во Брисел, но заврши без конкретни резултати.
Ново на Сител
-
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози
-
Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија
-
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“
-
Тепачка помеѓу малолетници во Штип
-
НАТО: Руските напади врз електричната мрежа на Украина ги тероризираат цивилите
-
Мајка и две ќерки нападнале малолетно девојче на свадба во Куманово
-
Победа над Фарски Острови - Македонија прво место во четвртата група
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата