Нова промена на цените на горивата
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,17 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) 70,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава за 80, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 82 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,734 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 42,475 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,374 отсто, кај дизелот за 3,697, кај екстра лесното масло за 4,097 и кај мазутот за околу 2,312 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е за околу 0,087 отсто понизок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата