Македонија
13. November 2023 - 12:26

Нова опрема за пожарникарите на југоистокот

Шумските пожари во Југоистокот во иднина ќе може да се детектираат и со помош на дронови со кои веќе се опремени противпожарните единиците од Струмица, Радовиш и Гевгелија. Специјализираните воздухоплови со термални камери ги обезбеди Центарот за развој Југоисточниот плански регион преку проектот ,,Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи, кој  е дел од прекуграничната соработка со Грција, финансиран преку Интерег ИПА програмата. Претходно, преку друг проект исти ваков дрон има обезбедено и за противпожарната единица од Валандово.

Во рамки на истиот проект струмичката противпожарна единица доби специјализиран камион за гаснење на шумски пожари кој треба да ги покрие потребите на сите четири општини од микро регионот. Возилото има резервоар со носивост на вода од 3 тони, а  чини 107 000 евра.

Во текот на декември преку истиот проект ново возило треба да добие и противпожарната единица од Радовиш. Претходно специјализирани возила за шумски пожари беа набавени и за потребите на пожарникарите од Гевгелија и Валандово.