Нова кампања за поголема свесност и безбедност во сообраќајот
Донации на едукативни сообраќајни полигони во повеќе од 15 основни училишта ширум земјава, изведување на театарски претстави на тема безбедноста во сообраќајот, како и дистрибуирање на боенки со основните сообраќајни правила е новата кампања на ОКТА насловена „Јас внимавам“, која ја спроведува во сораборка со Министерството за внатрешни работи.
Во кампањата ќе бидат вклучени и најмладите учесници во сообраќајот, а е насочена кон зголемување на свесноста за подобрување на безбедноста во сообраќајот.
- Секој месец ќе биде посветен на различна тема од сообраќајот со поддршка од голем број јавни личности, а ќе има и награди за совесните возачи. Кампањата стартува со најчесто прекршуваното правило - учество во сообраќајот под дејство на алкохол, информираат од МВР.
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции