Нов земјотрес на индонезискиот остров Сулавеси
Нов земјотрес со интензитет од 5,2 степени споре3д Рихтеровата скала синоќа е регистриран во индонезискиот град Палу, кој беше опустошен од земјотрес и цунами минатиот месец.
- Епицентарот беше на длабочина од 10 километри од островот Сулавеси, соопшти портпаролот на Националната агенција за борба со катастрофи во Индонезија.
Земјотресот, кој траел пет секунди, ги принудил жителите да ги напуштат своите домови.
Во земјотресот што се случи на 28 септември, со интензитет од 7,5 степени, загинаа 1.948 лица, а властите стравуваат дека има уште стотици затрупани.
Индонезискиот научник Гегар Прасетја пред неколку години предупреди дека регионот околу заливот Палу е изложен на опасност од тешка катастрофа при нови земјотреси поради комбинација од голем број неповолни фактори. Тој препорача мерки за намалување на влијанието и изградба на станбени и индустриски локации во помалку опасни области.
- Сега Владата мора да преземе мерки за намалување на ризикот пред следната катастрофа, порача Прасетја.
Ново на Сител
-
Гостиварец собрал 760 евра за лекување, со измама му ги земале парите
-
Крвава драма во Тетово: Еден прободен
-
Убиена дива свиња пронајдена во багажник, кривична за две лица
-
Мицкоски: Не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми
-
АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН