Нов состав на историската комисија
Владата на затворена седница го утврдила новиот состав на Комисијата за историски прашања со Бугарија. На местото на досегашниот претседател на комисијата, Драги Ѓоргиев, доаѓа професорот од Филозофскиот факултет Ванчо Ѓоргиев кој извесен период беше член на комисијата, но ја напушти поради тврдења дека е под притисок од тогашната Влада.
Ова се останатите членови на комисијата:
Д-р Александар Литовски, научен соработник при Институтот за национална историја во Скопје
Д-р Митко Панов, научен советник при Институтот за национална историја во Скопје
Д-р Никола Минов, вонреден професор на Филозофскиот факултет во Скопје при УКИМ – Скопје
Доц. д-р Сашо Додевски, насловен доцент избран на Филозофскиот факултет во Скопје
Д-р Бесник Емини, виш научен соработник на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје
Д-р Димитар Љоровски, научен советник при Институтот за национална историја во Скопје
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот