Нов протест во Минеаполис по смртта на Афроамериканец од полиција
Во предградие на Минеаполис, во американската сојузна држава Минесота, синоќа избија немири по смртта на еден млад Афроамериканец, за што демонстрантите ја обвинуваат полицијата.
Токму во овој град од минатата недела се води судскиот процес проти полицаецот кој е обвинет за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина во мај минатата година откако полицаецот со коленото неколку минути му ја држеше главата притисната на земја, по што тој се задуши и почина.
Смртта на Флојд потоа предизвика повеќемесечни демонстрации и немири низ САД, во кои беа осудени расизмот и полициската бруталност.
Мајката на Донте Рајт, 20-годишниот Афроамериканец кој беше убиен вчера, им порача на насобраните на протестот дека нејзиниот син се јавил за да и каже дека е однесен од полицијата, пренесуваат медиумите. Таа, додаде, дека потоа слушнала како еден од полицајците бара од нејзиниот син да го остави телефонот, а друг како го прекинува повикот.
-Набрзо потоа се јави девојката на Рајт да ми каже дека Донте е убиен, изјави мајката на Рајт пред насобраните.
Бирото за кривични работи во Минесота набрзо потоа потврди дека ја испитува можноста за вмешаност на полицаец во пукањето во Бруклин Центар, во северозападен Минеаполис.
Според извештајот на полицијата во населбата Бруклин Центар, патрола запрела еден возач поради сообраќаен прекршок. Потоа сфатиле дека е распишана потерница по него и се обиделе да го уапсат. Тој, меѓутоа, се вратил кон своето возило, а еден полицаец употребил оружје и го погодил возачот кој починал на самото место. Патничката во возилото била повредена, но нејзиниот живот не е загрозен и е пренесена во болница, се наведува во соопштението.
Потоа, синоќа, околу 200 лица се собраа во Бруклин Центар, а полицијата излезе пред нив, со опрема за растурање демонстрации.
Локален весник известува дека толпата ги искршила ветробранските стакла на две полициски возила и дека полицијата користела оружје што не било смртоносно за да ги растера.
По околу еден час, бројот на полицајци се намалил, а демонстрантите запалиле свеќи и пишувале пораки со креда на тротоарот, барајќи правда за Донте Рајт.
Градоначалникот на Бруклин Центар изрази жалење за, како што кажа, трагичниот инцидент и ги повика демонстрантите да останат смирени и да избегнуваат каква било нова употреба на сила. Меѓутоа, до нови инциденти дојде кога неколку стотици демонстранти се собраа пред полициската станица во Бруклин Центар.
Француските меидуми навеудваат дека полицијата во употребила шок-бомби и солзавец за да ги растера демонстрантите од пред полициската станица.
Ново на Сител
-
Мицкоски доби покана да присуствува на инаугурацијата на Трамп
-
Кривична за три лица за претепување на бездомното куче Феликс кое угина пред два дена
-
ДУИ: Македонците ја мразат ДУИ затоа што ги зајакна Албанците
-
Претстои студен бран и врнежи од снег, ЦУК апелира на соодветни подготовки и следење на прогнозата кога се тргнува на пат
-
Во Лос Анџелес уапсени 20 лица поради кражби
-
Министерот Тошковски ќе отвори нова канцеларија на управните служби во Желино
-
Финска има намера да го продолжи затворањето на границата со Русија
-
Во Берово најстудено, најтопло во Гевгелија