Нов парк во населбата Козле
Нов парк спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“ во населбата Козле, со површина од 10.000 метри квадратни, денеска е пуштен во употреба.
Паркот располага со 6.000 метри крадратни хортикултурно уредување, финансиски покриено од Градот Скопје. Останатиот дел од 4. 000 метри квадратни партерно уредување и поплочување на просторот со 200 метарска фонтана, како и детско игралиште со еко-реквизити е инвестиција обезбедена од буџетот на Општината Карпош.
Градоначалникот Стевчо Јакимовски, кој заедно со скопскиот градоначалник Коце Трајановски, го пушти во употреба овој парк, рече дека освен жителите на урбаната заедница Пецо Божиновски- Кочо, ќе го користат и граѓаните од урбаните заедници Кузман Јосифовски- Питу, Тафталиџе 1 и 2, како и од сите останати населби и урбани заедници кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа.
- Посебно задоволство ми претставува што најмалите карпошани особено му се израдуваа на ова современо урбано катче и што заедно со своите родители уживаат во вечерните летни часови, користејќи ги реквизитите од детското игралиште. Токму за нив, Општина Карпош ќе набави т.н. лимузини на батерии, кои ќе ги возат бесплатно, рече Јакимовски.
Вредноста на овој парк е 38.5 милиони денари, а изведувач е фирмата „Лутарика од Скопје“.
- Со завршувањето на овој парк, по изградбата на парковите „Македонија 1“ и „Македонија 2“ и реконструкцијата на фасадите на зградите по должината на бул. „Теодосиј Гологанов“, граѓаните на овој дел од Карпош добија модерна урбана целина за живеење, истакна Јакимовски.
Тој информира дека во моментот се гради и паркот на ул. „Букурешка“, додека на ул. „Варшавска“ е скоро изграден.
Градоначалникот Трајановски напомена дека Градот Скопје постојано вложува во изградба на паркови заедно со општините кои се наоѓаат на територија на Градот Скопје.
- Овој парк претставува продолжение на претходните два - „Македонија 1“ и „Македонија 2“, кои денеска претставуваат едни од најубавите паркови со зеленило и цветни аранжмани во цело Скопје. Пред се, задоволен сум што со градоначалникот на Општина Карпош имаме одлична соработка за проекти од заедничко значење, со цел на граѓаните кои живеат во овој дел од градот Скопје да им се исполнат нашите проекти, кои како ветување сме им ги дале, рече Трајановски.
Ново на Сител
-
Зеленски и се заблагодари на ЕУ за 17. пакет санкции кон Русија
-
Јас пцујам ама не крадам | Пeтар Богојески | Неформално | Sitel Podcast 095
-
Подољак: Ништо не се промени по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин
-
Администрацијата на Трамп планира да депортира 200.000 украински бегалци
-
Мицкоски најави нов договор со друга европска држава
-
Љутков: Разловечкото востание е темелот на нашата држава, историја што не смееме да ја заборавиме
-
Мицкоски: Трикови околу цените на храната нема да толерираме
-
Лимани: Над 700 вработувања на Албанци имаше кога бев заменик директор на електрани