Нов напад од грчката анархистичка група „Рубикон“, двајца приведени
Со бои, флаери и предмети, околу 10 членови на анархистичката група „Рубикон“, ја нападнаа зградата на општина Алимос во јужниот дел на Атина.
Според грчките медиуми, во нападот што бил околу шест часот утрово приведени се две лица, а причинета е материјална штета на објектот.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, преку соопштение на анархистички сајт, од „Рубикон“, детално и опширно објаснуваат дека причината за нападот било тоа што на 16 ноември, возач на општинската комунална служба го загубил животот додека бил на неговото работно место под неразјаснети околности, но и дека „во изминатите три години речиси 50 вработени во општините го загубија животот, а околу 150 беа повредени, многу од нив сериозно, а причините се јасни“.
-Денешната активност е во рамки на првиот светски ден на акција во кој учествуваме заедно со други анархистички и автономни групи од 15 земји во над 60 градови од целиот свет, велат од „Рубикон“ на крајот од соопштението.
Како што е веќе пракса за нив, заедно со соопштението, на анархистичкиот сајт објавија и видео од нападот на општинската зграда.
Ново на Сител
-
Зеленски во Берлин на средба со германскиот канцелар Мерц
-
Русија пресретнала над 100 украински дронови
-
Приведен 46-годишник баран по две централни потерници за вкупна казна затвор од една година и 11 месеци
-
Физички пресметки меѓу навивачите на Бетис и Челзи пред финалето на Конференциската лига
-
Бесир Шабани нов член на Надзорниот одбор на „Македонска Навигација“ – М-НАВ
-
СМО: Глобалните температури веројатно ќе го надминат прагот од 1,5 Целзиусови степени во следните 5 години
-
Трамп: Системот „Златна Купола“ бесплатен за Канада ако се приклучи на САД
-
Синер за ЛШ: Ќе биде одлично доколку победи Интер, но ќе бидам среќен и за Донарума