-->
-->
Нов најдобар ранг во двојки за Ѓорческа
-->
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа втора недела по ред го подобрува својот пласман во конкуренција на двојки. Таа сега се наоѓа на 175 место на ВТА листата со 403 поени.
Во поединечна конкуренција има пад за едно место и се наоѓа на 222 со 236 поени.
Втората македонска тенисерка која има ранг Магдалена Стоилковска направи скок откако и е запишан поенот освоен на фјучрсот во Софија и сега со 4 поени се наоѓа на 1197 место во сингл, а во двојки е рангирана на 1063 место со 12 поена.
Ѓорческа оваа недела ќе игра на фјучрс во Франција и во првото коло ќе игра против осмата носителка Марина Заневска од Украина, која се наоѓа на 192 место, додека во конкуренција на двојки ќе игра заедно со Диана Марцинкевича од Летонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Николоски: Предвремени избори нема да има
-
СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски лично се јавувал за неговиот брат да не биде казнет?
-
Мерката замрзнати маржи истекува утре, ако цените растат владата ќе донесе нови мерки
-
Наумоски: Концесијата нема да ги заштити ендемичните риби
-
Преглед на вестите од светот
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК