Нов Кориснички енерго центар на ЕВН Македонија во Тетово
ЕВН Македонија денеска го отвори својот нов Кориснички енерго центар во Тетово. Според претседателот на управниот одбор на ЕВН Македонија Штефан Петер станува збор модерен и функционален објект со лесен пристап за потрошувачите и соодветен паркинг простор.
Истовремено, како што рече, со него компанијата сака да придонесе во подобрувањето на условите за работа на вработените со зголемување на нивните можности за подобра организација и опслужување на поголем број корисници истовремено.
- Во 21-от век нормално е да можете да не контактирате преку телефон, интернет или веб страната, но не треба да се заборави дека има многу наши клиенти што сакаат директно да не конатактираат и за што ние треба да обезбедиме соодветни услови. Мислам дека тоа успеавме да го постигнеме оваа зграда што е направена согласно ЕВН стандардите, изјави Петер.
Тој посочи дека на технички план ЕВН Македонија во последните две години инвестирала и над пет милиони и триста илјади евра во Тетовско за изградба или обнова на осумдесет трафостаници, како и електро мрежа во должина од над осумдесет илјади километри. Од ЕВН Македонија информираа дека ќе продолжат со инцестиции во Тетовско, како и во другите места низ државата.
Ново на Сител
-
Голема акција: Запленети 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми
-
Палестинскиот претседател подготвен на соработка со Трамп за завршување на војната во Газа
-
МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Сеизмолошка опсерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен
-
Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите
-
Млад манијак осомничен за полов напад на две девојки во Битола
-
Чешкиот претседател стравува дека договорот меѓу Трамп и Путин ќе биде на штета на Европа