Свет
17. November 2015 - 8:27

Нов француски напад врз Рака

Француската авијација извршиноќеска уште еден напад врз сирискиот град Рака, кој се смета за бастион на Исламска држава, јавија француски медиуми.

Уништени се команден центар и центар за обука на џихадисти, соопшти ГШ на француската армија.

Тоа е второ бомбардирање на Рака од страна на француските сили во изминатите 24 часа.