-->
-->
Нормализиран железничкиот сообраќај кај Демир Капија
-->
Целосно е нормализиран патничкиот и товарниот железнички сообраќај во делот кај Демир Капија на Коридорот 10 каде утринава се излизга вагон на товарен воз. Прв тргна возот чиј вагон беше излизган, соопшти Јавното претпријатие МЖ Инфраструктура.
Вагонот од товарниот воз, кој сообраќал на релацијата Гевгелија-Скопје, изутрината во 8 часот и 31 минута, според МЖ Инфраструктура, се излизгал на излез од тунелот кај Демир Капија на отворена пруга, при што се оштетени дел од колосеците, сигналите и вагонoт.
Комисија на надлежните институции ги утврдува причините поради кои се случил инцидентот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника
-
Таравари: ДУИ да не политизира смртни случаи
-
Пожарот на Галичица делумно локализиран
-
АДКОМ на Балканската конференција во Приштина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ