Македонија
8. August 2019 - 12:03

Нормализиран сообраќајот на патот Тетово – Скопје што беше во прекин поради одбележувањето кај Карпалак

Нормализиран е сообраќајот на регионалниот пат Тетово – Скопје што од 08:45 часот беше во прекин поради активностите за одбележување на годишнината од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак и се пренасочуваше по стариот пат кај клучката Групчин.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот е нормализиран во 10:10 часот.