Ноќва се навршуваат 20 години од бомбардирањето на РТС од страна на НАТО
Ноќва во 2:06 часот се навршуваат 20 години од бомбардирањето на зградата на Радио-телевизија Србија од страна на НАТО, кога загинаа 16 вработени во медиумот.
Тоа беше првиот случај една медиумска куќа да е прогласена за легитимна воена цел.
Меѓународната организација за човекови права „Хјуман рајтс воч“ во 2000 година соопшти дека немало оправдување за бомбардирањето на телевизијата.
Поранешниот директор на РТС Драгољуб Милановиќ во 2002 година беше осуден на 10 години затвор, затоа што не ја почитувал наредбата на тогашната Сојузна Влада за дислоцирање на луѓето и техниката, односно нивно евакуирање на безбедна локација.
Челниците на НАТО тврдеа дека нападот бил оправдан, а специјална комисија на Хашкиот трибунал, која го испитуваше и случајот со бомбардирањето на РТС, не му предложи на Обвинителството да покрене кривична постапка.
Во нападот на НАТО, ноќта меѓу 22 и 23 април, загинаа: Јелица Мунитлак (27) шминкерка, Ксенија Банковиќ (27) видео-миксер, Дарко Стоименовски (25) техничар во размена, Небојша Стојановиќ (26) техничар во мастер, Драгорад Драгојевиќ (27) работник во обезбедувањето, Драган Тасиќ (29) електричар, Александар Делетиќ (30) камерман, Славиша Стевановиќ (32) техничар, Синиша Медиќ (32) дизајнер на програма, Иван Стукало (33) техничар, Дејан Марковиќ (39) работник во обезбедувањето, Милан Јоксимовиќ (47) работник во обезбедувањето, Бранислав Јовановиќ (50) техничар во мастер, Милован Јанковиќ (59) прецизен механичар, Томислав Митровиќ (61) режисер на програма и Слободан Јонтиќ (54) монтер.
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион