"Пиле мое, стани да ги видиш своите црни сватови" - девојчето од Неготин погребано во венчаница и вел на главата
15- годишната тинејџерка од Неготин, која според неофицијални информации се убила пред татко и брат и со пиштол кој бил на татко и, но не бил легално регистриран, е погребана вчера на локалните гробишта во бела венчаница. На главата имала вел, а на слеепоочниците два цвета кои ги прекривале раните од куршум.
Стотина роднини, пријатели и училишни другари во солзи го испраќале девојчето, а мајката неутешно плачела врз белиот ковчег.
„Пиле мое, стани да ги видиш своите црни сватови. Те испратив на училиште по диплома, мислев ова друштво на свадба да ти дојде, а сега леат солзи пред нашиот дом.“
Нејзините другарки знаеле кој бил симпатија на девојчето и дека меѓу нив постоела хемија. Велат дека го сакала, но дека не веруваат дека кренала рака врз себеси поради невозвратена љубов.
Таткото на девојчето, по сослушувањето бил на погребот. Во неговите очи се гледале само болка и каење.
Посмртната поворка ја одржал романски свештеник.
Ново на Сител
-
Хезболах ја гаѓаше базата на израелската разузнавачка служба кај Тел Авив
-
Ветеринарна комора повикува на смиреност, ИЈЗ со препоракиза заштита по појавата на птичји грип
-
Состојба на патиштата
-
Студено утро, преку ден сончево
-
Кршел по дома и фрлал предмети кон полицајци, приведен жител на Драчево
-
Ќерка го истепала својот татко
-
Пожар во стан во Аеродром, едно лице повредено
-
Жената лидер – жената бизнисмен | Ирена Јакимова | Личен развој | Sitel Podcast 064