-->
-->
Ердоган: Турција и САД заедно можат да ја претворат Рака во „гробишта“ за џихадисти
-->
Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Турција и САД можат, со заеднички сили, да ја претворат Рака, таканаречената престолнина на „Исламската држава“ во „гробишта“ за џихадисти.
- Големата Америка, коалицијата и Турција можат заедно да ја направат Рака гробишта за џихадисти. Тие ќе бараат место каде да се скријат, рече Ердоган.
Оваа изјава доаѓа пред средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, планирана за 16 мај.
Претходно овој месец, Турција објави дека ја завршила шестмесечната операција „Еуфратски штит“ во северна Сирија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Средба на Сиљановска-Давкова со актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување: Неопходна е деполитизирана и департизирана постапка за помилување
-
Трамп: Воениот хеликоптер бил во „исклучително лоша“ позиција
-
Два автобуса со ослободени палестински затвореници стигнаа во Рамала
-
Србија: Пензионерите најавија протестна прошетка во поддршка на студентите на 5 февруари
-
Мицкоски: Прифаќаме минимална плата која ќе ja договорат работодавачите и работниците
-
Над 4.400 Романци во САД се соочуваат со депортација, за над 1.300 веќе се издадени решенија
-
Фросина Кулакова е 22-годишната девојка усмртена кај „Силбо“
-
74-годишник со остар предмет се заканувал на соседи во Карпош