Македонија
14. February 2017 - 8:57

Предавање за културното наследство во Музејот на Македонија

Југослав Пендиќ од Институтот Биосенс во Нови Сад денеска во Музејот на Македонија ќе одржи предавање „Фотограметријата во документацијата и презентацијата на културното наследство“.

Гостинот ќе ги презентира методите на фотограметријата и нејзината примена во 3Д моделирањето на културното наследство што влегува во сферата на етнологијата, историјата на уметност и археологијата.

Преку краток интерактивен курс, Југослав Пендиќ ќе ги демонстрира потенцијалите на овие методи што можат да најдат широка примена во презентацијата на културното наследство во Македонија.