Столтенберг и Трамп телефонски договараа решение на украинската криза
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг синоќа имаше телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, при што двајцата уште еднаш ја потврдиле важноста на Алијансата во „проблематичните времиња“, јави дописникот на МИА од Брисел.
Во вториот нивен телефонски разговор откако Трамп ја презеде функцијата претседател на САД, тој и Столтенберг го разгледале напредокот во однос на борбата против тероризмот, а разговарале и за буџетот за одбрана на НАТО, информира Северноаталанската алијанса.
Според НАТО, Трамп и генералниот секретар на најголемата воено-политичка организација на светот ја нагласиле и потребата од континуирани напори за да се обезбеди фер споделување на товарот меѓу сојузниците на НАТО околу буџетот за Алијансата.
Тие, исто така, разговарале и за зголеменото насилство во источниот дел на Украина и изгледите за мирно решение на кризата во оваа земја.
- Генералниот секретар потсети на конзистентната политика за силна одбрана и дијалог со Русија. Столтенберг и претседателот Трамп се радуваат на претстојниот самит на НАТО во Брисел кон крајот на мај за да разговараат за овие прашања, се наведува во соопштението на прес-службата на Алијансата.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија